Министерството за европски прашања, како Национално тело за транснационалните и интер – регионалните програми за територијална соработка на Европската унија, на 23.12.2025 година со почеток во 10.00 часот, во просториите на министерството ќе одржи координативен состанок со контролорите на прво ниво, ангажирани во рамки на овие програми.
Главна тема на состанокот ќе биде дискусија за прифатливите трошоци во рамки на овие програми.
Дискусијата е предвидено да се води по следната агенда:
1. Основни принципи и правила за прифатливи трошоци, согласно програмските документи, договорната рамка и важечките национални прописи.
2. Постапки, рокови и толкувања во рамките на програмите за територијална соработка, се со цел обезбедување еднаков пристап и правна сигурност.
3. Други тековни прашања од заеднички интерес, во рамки на надлежностите на контролорите и корисниците вклучени во имплементацијата.