Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерство за европски прашања

Министерството за европски прашања ги врши работите што се однесуваат на:

 

  • обезбедување на координација и усогласување на работата на органите на државната управа и другите органи и институции за подготвување на Републиката за членство во Европската Унија, вклучително и за преговори за членство во Европската Унија;

  • обезбедување на координација на активностите за спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација склучена меѓу Републиката и Европските заедници и нивните земји членки и другите договори склучени меѓу Републиката и Европската Унија, како и на работните тела формирани во рамките на склучената спогодба и другите договори со Европската Унија;
  • обезбедување на координација на процесот на подготвување на македонската верзија на правото на Европската Унија (acquis communautaire);

  •  обезбедување на координација заради усогласување на работата на претставниците на Републиката во институциите и телата на Европската Унија;

  • обезбедување на координација заради усогласување на работата на Републиката како држава членка на Европската Унија; 

  • обезбедување на координација на странската помош од Европската Унија и нејзините земји членки и другата странска помош поврзана за реформите комплементарни на процесот на интегрирање на Републиката во Европската Унија;

  • информирање на јавноста за активностите поврзани со процесот на европска интеграција и европските прашања;

  • како и други работи поврзани со Европската Унија кои ќе ги определи Владата

  • врши други работи утврдени со закон.

Мени за пристапност