Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Скрининг

Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство и претставува аналитичка презентација на правото на ЕУ и состојбата во земјата кандидат во однос на него. Поспецифично, како процес, тој има за цел, од една страна - да ги запознае земјите кандидати со правното наследство на Европската Унија и на тој начин да ги подготви за преговорите. Од друга страна, целта е да се овозможи Комисијата и земјите-членки да го оценат степенот на подготвеност на земјите кандидати, да бидат информирани за нивните идни планови и да добијат прелиминарни насоки за прашањата што ќе бидат најактуелни во преговорите.

Скринингот се спроведува по поглавја, освен за поглавјата: 34 „Институции" и 35 „Други прашања", кои се предмет на преговори во последната фаза од процесот на пристапување. Најпрво се одржуваат објаснувачки состаноци на кои претставници на Комисијата детално го презентираат правото на ЕУ, а потоа билатерални состаноци со секоја држава. По завршувањето на овие две фази, Комисијата подготвува извештај за скринингот и го презентира на Советот. По извршениот скрининг на соодветното поглавје, Советот одлучува за започнување на преговорите, по препорака на Комисијата.
 
По одлуката на Европскиот совет од јуни 2018 година и обезбедувањето на јасна перспектива за почеток на пристапните преговори во јуни 2019 година, Република Северна Македонија на 27 септември 2018 година започна со фазата на објаснувачки состаноци (календар).
 
Со цел поголема транспарентност во однос на овој исклучително важен процес, и информирање на граѓанското општество, струковите здруженија, академската и деловната заедница како и пошироката јавност, во продолжение ги споделуваме презентациите од досега одржанита состаноци.
 

Мени за пристапност