Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

НПАА

Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА) е сеопфатен долгорочен документ кој ја дефинира динамиката на усвојувањето на правото на ЕУ, стратегиските насоки, политиките, реформите, структурите, ресурсите и роковите што треба да се реализираат со цел Република Македонија да ги исполни условите за членство во Европската унија.

Националната програма за усвојување на правото на Европската унија:

  • утврдува детален план и распоред за усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ (acquis communautaire) и ги определува надлежните институции и органи за негова подготовка и спроведување;
  • става посебен акцент на административните структури за спроведување на законодавството во насока на формирање нови или реформирање на постојните институции, како и за обезбедување на соодветен обучен кадар;
  • опфаќа средства од буџетот и од фондовите за странска поддршка потребни за спроведување на предвидените задачи, како основа за натамошното стратегиско планирање и за планирањето на Буџетот на Република Македонија и
  • јасно ги утврдува временските рокови за усвојување на правото на ЕУ.

НПАА ја следи структурата на копенхашките и на мадридските критериуми, односно ги опфаќа: политичките критериуми, економските критериуми, способноста да се преземат обврските од членството, административниот капацитет, подготовката на Националната верзија на правото на ЕУ и информирањето и комуникацијата со јавноста.

НПАА, исто така претставува значаен извор на информации за деловниот и економскиот сектор во планирањето на идните активности и овозможува јавноста да го осознае и следи процесот на интеграција на Република Македонија во Евроспката унија. Затоа НПАА е значаен инструмент за транспарентноста на работата на Владата на Република Македонија.

НПАА е резултат на заемната соработка на сите надлежни институции во Република Македонија во процес координиран од Секретаријатот за европски прашања и истата ќе послужи за формулирањето на преговарачките позиции на Република Македонија по започнувањето на преговорите за членство во Европската унија. Оваа програма, за првпат усвоена во 2006 година, се ревидира и ажурира годишно со активности кои произлегуваат од редовните извештаи на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, како и од краткорочните и среднорочните приоритети од Партнерството за пристапување.

НПАА 2009

Прочитај повеќе

НПАА 2010

Прочитај повеќе

НПАА 2011

Прочитај повеќе

НПАА 2012

Прочитај повеќе

НПАА 2013

Прочитај повеќе

НПАА 2014

Прочитај повеќе

НПАА 2015

Прочитај повеќе

НПАА 2016

Прочитај повеќе

НПАА 2017

Прочитај повеќе

Мени за пристапност