Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

СТРАТЕГИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА ЈАДРАНСКО-ЈОНСКИОТ РЕГИОН (ЕУСАИР)

A logo for the eu strategy for the european region

A map of countries/regions with different colorsAI-generated content may be incorrect.

Стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) е макро-регионална стратегија усвоена од Европската комисија и одобрена од Европскиот совет во 2014 година. Таа е развиена заеднички од Европската комисија и земјите од Јадранско-јонскиот регион, со цел справување со заедничките предизвици и искористување на заедничките можности во корист на секоја земја и на целиот регион.

ЕУСАИР вклучува 10 земји од Јадранско-јонскиот регион: четири земји-членки на ЕУ (Хрватска, Грција, Италија - ограничено на засегнатите региони и Словенија), пет земји-кандидатки за пристапување (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Северна Македонија) и една трета земја (Сан Марино). 

Со заедничко учество на земји од ЕУ и земји надвор од ЕУ, Стратегијата претставува важна можност за интеграција за Западен Балкан, придонесувајќи за напредокот на процесот на пристапување во Унијата.

Како дел од ревидираниот Акциски план на Стратегијата, одобрен на 7 мај 2025 година, земјите учеснички идентификуваа пет главни тематски области (столбови) од заеднички интерес, врз кои треба да се фокусираат заедничките напори за генерирање синергии и зајакнување на територијалната координација:

Столб 1 – Одржлива сина економија

Столб 2 – Поврзување на регионот (транспорт и енергетика)

Столб 3 – Квалитет на животната средина

Столб 4 – Одржлив туризам

Столб 5 – Подобрување на социјалната кохезија

 

Во ревидираниот Акциски план на Стратегијата вклучени се и стратешки теми за да се поттикне интегриран пристап кон одржливиот развој, односно хоризонтални теми како што се: проширувањето на ЕУ, градењето на капацитети, истражување, иновации и развој, како и меѓусекторски теми како што се: циркуларната економија, зелениот рурален развој и дигитализацијата (видете го ревидираниот Акционен план).

Значајна новина воведена со ревидираниот Акциски план е основањето на Младинскиот совет на ЕУСАИР, независно тело со консултативна улога составено од 20 млади луѓе од регионот на возраст меѓу 18 и 31 година. Неговата цел е да ги пренесе потребите и перспективите на помладите генерации, оспособувајќи ги да учествуваат во процесите на макро-регионално донесување одлуки, промовирајќи поинклузивни политики кои се чувствителни на очекувањата на младите и придонесувајќи за зајакнување на меѓу-генерацискиот дијалог во рамките на Стратегијата.

Спроведувањето на ЕУСАИР е поддржано од програмата Интерег ИПА Адрион 2021–2027 во рамките на Приоритетната оска 4 „Поддршка на правувањето со Јадранско-јонскиот регион“, преку активности поделени во три проекти за управување:

  • Поддршка на управувањето со ЕУСАИР за подобрена соработка 23-27, со водечки партнер Република Словенија. Овој проект обезбедува техничка и административна поддршка за функционирањето на управувањето со ЕУСАИР;
  • Платформа за вклучување на засегнатите страни на ЕУСАИР, со водечки партнер Регион Марке од Италија. Проектот се фокусира на вклучување на засегнатите страни преку интерактивна дигитална платформа;  
  • Проект за стратешка имплементација на ЕУСАИР, со водечки партнер Република Хрватска. Овој проект обезбедува поддршка за подготовка на стратешки проекти во Јадранско-јонскиот регион.

Линк: ЕУСАИР официјална страна

Линк: Ревидиран ЕУСАИР Акциски план

 

Проектот Поддршка на управувањето со ЕУСАИР за подобрена соработка 23-27 (ЕУСАИР МЕХАНИЗАМ ЗА ПОДДРШКА)

A logo for the eu strategy for the european regionAI-generated content may be incorrect.

ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Во рамките на тековниот програмски период 2021–2027 година, и во континуитет со претходниот програмски период 2014–2020 година, оперативната поддршка се обезбедува преку стратешкиот проект Поддршка на управувањето со ЕУСАИР за подобрена соработка 23-27 (ЕУСАИР МЕХАНИЗАМ ЗА ПОДДРШКА 23-27), кофинансиран од Европската унија преку програмата Интерег ИПА Адрион 2021–2027.

Целта на проектот ЕУСАИР МЕХАНИЗАМ ЗА ПОДДРШКА 23-27 е да се олесни координацијата, комуникацијата и спроведувањето на ЕУСАИР преку зајакнување на институционалниот капацитет на управувачките структури, промовирање на соработката меѓу столбовите, зголемување на видливоста на Стратегијата и подобрување на следењето и евалуацијата на заедничките приоритети. Поточно, проектот придонесува за:

  • Поддршка на ефективното и ефикасното функционирање на управувачките структури на ЕУСАИР;
  • Поддршка на ефикасното спроведување на Стратегијата и Акцискиот план преку хармонизирани и ефикасни внатрешни процедури и комуникации, ефективна координација меѓу столбовите и зголемена видливост на ЕУСАИР преку комуникација со засегнатите страни и со останатите стратегии за макро-регионална соработка;
  • Обезбедување на управувачките структури на ЕУСАИР со алатки за донесување одлуки засновани на докази и градење на внатрешен институционален капацитет;
  • Следење и евалуација на спроведувањето на Стратегијата и Акцискот план и препорачување какви било промени во нивното спроведување.

 Резултатите што проектот ЕУСАИР МЕХАНИЗАМ ЗА ПОДДРШКА 23-27 има за цел да ги постигне се:

  • Зајакнување на институционалниот капацитет на управувачките структури на ЕУСАИР и засегнатите страни за ефикасно повеќестепено и меѓу-секторско управување и соработка меѓу различните земји од Јадранско-јонскиот регион;
  • Зголемување на свеста за ЕУСАИР, промовирање на нејзината додадена вредност и зајакнување на видливоста на Стратегијата.

Претставувајќи ја Северна Македонија, Министерството за европски прашања учествува во проектот како партнер (ПП8), заедно со 10 други институционални тела од земјите на ЕУСАИР.

 

ДЕТАЛИ ЗА ПРОЕКТОТ

Времетраење: Проектот ЕУСАИР МЕХАНИЗАМ ЗА ПОДДРШКА 23-27 е во вкупно времетраење од 4 години, со период на спроведување од 4 септември 2023 година до 31 декември 2027 година.

Буџет: Вкупниот буџет е 7.872.900,00 евра, додека вкупната финансиска распределба за Министерството за европски прашања е 427.950, 00 евра (од кои 85% ЕУ средства и 15% национално кофинансирање).

Партнерство:

Главен партнер: Словенија – Министерство за кохезија и регионален развој

ПП2: Албанија – Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош

ПП3: Босна и Херцеговина – Дирекција за европска интеграција на Советот на министри на Босна и Херцеговина

ПП4: Хрватска – Министерство за туризам и спорт

ПП5: Грција – Министерство за економија и финансии

ПП6: Италија – Автономна област Фриули Венеција Џулија Џулија

ПП7: Црна Гора – Министерство за европски прашања

ПП8: Северна Македонија – Министерство за европски прашања

ПП9: Србија – Министерство за европска интеграција

ПП10: Словенија – Општина Изола

ПП11: Сан Марино – Министерство за надворешни работи 

 

УЛОГАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА

Како партнер на проектот, Министерството за европски прашања придонесува за постигнување на целите преку поддршка за комуникација и координација на управувачките структури на ЕУСАИР, со посебен осврт на активностите на националните координатори на Столб 2 „Поврзување на регионот“ (транспорт и енергетика).

 

КОНТАКТ

Зуица Змејковска

Помошник раководител на Сектор за координација на европски фондови и друга странска помош

Национален координатор за европски фондови за ЕУСАИР

 

Министерство за европски прашања

Кеј Пресвета Богородица бр.3, Скопје

Е-адреса: Zuica.zmejkovska@mep.gov.mk

Мени за пристапност