Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/
Кластер 2 – Внатрешен пазар

Кластер 2 – Внатрешен пазар

28/04/2025

Поглавјето 3.01 Слободно движење на стоки како дел од политиката на внатрешниот пазар на Европската Унија ги опфаќа прописите кои го уредуваат отстранувањето на сите трговски бариери меѓу земјите

28/04/2025

Поглавјето 3.02 Слободно движење на работници се состои од следниве подрачја: општи принципи на пазар на труд, ЕУРЕС, координација на системи за социјално осигурување и Европска здравствена картичка

28/04/2025

Поглавјето 3.03 Право на основање и слобода на давање услуги ги покрива следните области: право на основање, слобода на давање прекугранични услуги, поштенски услуги и заемно признавање на професионални квалификации.

28/04/2025

Барањата на политиките на ЕУ во Пoглавјeто 3.04 Слободно движење на капитал се во насока на отстранување на сите ограничувања на движењето на капитал и во рамките на ЕУ и меѓу земјите-членки и трети земји, со одредени исклучоци.

28/04/2025

Поглавјето 3.06 Право на трговски друштва ги опфаќа областите на право на трговски друштва и сметководство и ревизија

28/04/2025

Правото на ЕУ во Поглавјето 3.07 Право на интелектуална сопственост ги определува правилата за заштита на авторското право и сродните права, правата од индустриска сопственост и утврдува граѓански одредби за спроведување

28/04/2025

Поглавјето 3.08 Политика на конкуренција ги опфаќа правилата на Европската Унија кои овозможуваат претпријатијата да се натпреваруваат под еднакви услови на пазарите на сите земји членки

28/04/2025

Поглавјето 3.09 Финансиски услуги ги покрива следните области: банки и финансиски конгломерати, осигурување и капитално финансирано пензиско осигурување

28/04/2025

Поглавјето 3.28 Заштита на потрошувачи и јавно здравје регулира две области, заштита на потрошувачите и јавното здравје, кои претставуваат една од основните политики на ЕУ

Мени за пристапност