Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Примопредавање на функцијата министер за европски прашања

Примопредавање на функцијата министер за европски прашања
Денеска во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања, по завчерашната одлука на Собранието на Република Северна Македонија, со што Беким Сали ја презеде должноста од досегашниот министер Орхан Муртезани.
 
На средбата во рамки на примопредавањето беше направен осврт на тековните активности и утврдените приоритети од европската агенда. Орхан Муртезани му посака успешен мандат на својот наследник, додека новиот министер за европски прашања, Беким Сали, ја нагласи својата определба за продолжување на реформските процеси и натамошно унапредување на европскиот пат на Република Северна Македонија.

Мени за пристапност