Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министер

Викторија Трајков

Викторија Трајков

Заменик министер во Министерство за европски прашања на Република Северна Македонија

 

Проф. д-р Викторија Трајков е заменик-министерка за европски прашања на Република Северна Македонија и вонреден професор со повеќегодишно академско и професионално искуство во областа на економијата, маркетингот, јавните политики и европската интеграција. Таа е доктор по економски науки од областа на маркетингот и брендирањето и магистер по односи со јавноста, со специјализација на влијанието на односите со јавноста врз политичките кампањи.

Како заменик-министерка за европски прашања и заменик-главен преговарач со Европската Унија, проф. д-р Трајков активно учествува во процесот на европска интеграција на земјата, со фокус на реформите, владеењето на правото, доброто управување, борбата против корупцијата, економското управување и јакнењето на институционалните капацитети.

Во 2026 година беше копретседавач на 19-тиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија.

Во академската кариера, таа предава политички маркетинг, економија и политика на цени и е автор на повеќе домашни и меѓународни научни трудови, како и на книгата „Брендирање на нацијата“. Нејзината професионална и научна работа опфаќа и меѓународни проекти и иницијативи во областа на економијата, образованието и европската соработка.

Проф. д-р Трајков активно се залага за европската перспектива на Македонија, демократско и инклузивно управување, институционална одговорност и политики што придонесуваат за стабилност, општествена кохезија и одржлив развој.

Мени за пристапност