Twinning SEP
четврток, 04 јуни 2015 12:06
ТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА: 18- 22 мај, 2015
ОПИС: Во мај 2015 година, група од 4 претставници од Секторот за подготовка на националната верзија на Acquis – Секретаријат за европски прашања (СЕП) беа на едно неделно стажирање во истото одделение при Министерството за надворешни и европски работи при Република Хрватска. Оваа програма беше дел од планираните активности на Твининг Проектот “Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција” . Целта на стажирањето беше да се здобијат со познавање на сите обврски кои произлегуваат од пред-пристапниот и по пристапниот период во областа на националната верзија на Acquis. Учесниците имаа можност да се сретнат и да разговараат со клучните засегнати страни од Министерството за надворешни и европски работи при Република Хрватска, како и со експерти од други клучни министерства во врска со различни аспекти за организација на преводот, правна и стручна ревизија и финализација на хрватската верија на правните акти на ЕУ, на хрватското законодаство на англиски како и на други документи потребни за преговорите за членство во ЕУ. До крајот на 2015 година уште 4 групи со по 4 претставници од СЕП и другите клучни министерства ќе поминат низ истата програма за практикантска работа, а со тоа се зголемува нивото на надлежност во оваа област.