Twinning SEP
петок, 11 март 2016 11:26
ОПИС: На 8 октомври 2015г. се одржа еднодневна работилница од активност 1.6.1. во просториите на СЕП за најдобрите пракси од земјите членки на ЕУ. Презентери на оваа работилница беа експерти од Германија и Полска. На работилницата, претставниците на СЕП и МНР беа соочени со првата проценка направена од страна на експертите и им беа понудени можни решенија на идентификуваните проблеми. Состанокот беше организиран со цел отворено да се разговара за наодите, и да се осигура дека списокот на идентификувани проблеми е целосен и ги покрива сите грижи што ги имаат СЕП и МНР.