Twinning SEP
вторник, 07 јули 2015 16:26
РАБОТИЛНИЦА: „Проценка на недостатоци“
ОПИС: На 8 јули 2015г. се одржа еднодневна работилница од активност 2.7.3. за проценка на недостатоци. Презентер на оваа работилница беше експерт од Хрватска. На работилницата се дискутираа проценките на недостатоци на поглавјата од Acquis. Беше дискутирана легислативата на ЕУ, разни декларации и директиви, вертикални и хоризонтални пристапи, транспозиција на/во закон и анекси како и административните структури и следење на процесот на транспозиција.