.
Министер за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија
Министер за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија
Биографија:
Орхан Муртезани е роден на 7 јуни 1984.
Додипломските студии ги завршил на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј’’ во Скопје во Департманот за Менаџмент при Економскиот Факултет.
Последипломските студии ги продолжил во Турција вна Универзитетот “Maрмара’’ во смерот Менаџмент и Организација.
Моментално е магистрант во Институтот за Социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје во смерот Општествен развој.
Во времето кога европскиот континент беше зафатен од енергетската криза, со висок успех раководеше со А.Д. Мепсо како Генерален директор и Претседател на Управниот одбор.
Исто така ја извршил и функцијата Генрален директор и Претседател на Управниот одбор и во Железници на Република Северна Македонија-Транспорт.
Во годините 2015-2017 бил Директор на Центарот за демократија и развој.
Во пошироката јавност е познат како долгогодишен Портпарол на Алтернатива, но и како Секретар за односи со јавноста, функции кои ги обавува и денес.