Twinning SEP
петок, 24 јули 2015 15:17
РАБОТИЛНИЦА: „Спроведување на ЕУ легислативата, процес и планирање“
ОПИС: На 2 јули 2015г. во организација на СЕП и твининг проектот се одржа работилница за спроведување на ЕУ легислативата и процесот на создавање закони. На оваа работилница беа присутни претставници од Генералниот Секретаријат, Секретаријатот за Законодавство и одредени министерства. Оваа работилница беше искористена да се разгледаат и дискутираат законодавната процедура на Македонија како и тие во Германија и Полска, фазите при создавањето на регулативите, а воедно учесниците имаа можност да слушнат и за интегралната рамка и процесот на планирање на работните групи на НПАА.