Twinning SEP
петок, 11 март 2016 11:29
ОПИС: На 05 октомври 2015г., во просториите на СЕП се одржа третиот Управен Одбор на твининг проектот. На овој состанок на УО беше презентиран вториот квартален извештај. Постојаниот твининг советник подетално ги презентираше активностите, резултатите и производите што беа добиени за време на овој период. На овој состанок беше презентиран и финансискиот извештај за проектот. Се дискутираа тековни работи и активности како и идните планови и обврски.