За време на средбата беше реафирмирана континуираната поддршка на Република Словенија за Република Северна Македонија во процесот на европска интеграција. Амбасадорот Прескер ја изрази целосната подготвеност на Амбасадата и на словенечката држава за продолжување на соработката и поддршката преку конкретни проекти.
Министерот Сали информираше за динамиката на реформите и ја истакна определбата на Владата за унапредување на евроинтегративната агенда, изразувајќи благодарност до Република Словенија за досегашната помош.