На средбата се прецизираа конкретни чекори во насока на подобрување на капацитетите на општината за поголемо искористување на средствата од европските фондови кои се на располагање, а се разговараше и за тековните и идните проекти од областа на земјоделството и можностите за поддршка преку европските фондови. Посебен акцент беше ставен на развојот на руралните подрачја, унапредување на инфраструктурата и креирање на нови можности за локалните земјоделци.
Во рамки на посетата, делегацијата изврши и обиколка на трговско друштво од областа на месната индустрија во општина Свети Николе, кој е модернизиран и поддржан преку ИПАРД програмата.
Посетата претставува добар пример за успешна примена на европските средства во развојот на локалната економија и поддршката на претприемништвото. Присутните соговорници ја потенцираа важноста на меѓу институционалната соработка и заедничките напори за поттикнување на одржлив развој на регионот. Средбата беше оценета како продуктивна, со јасна определба за натамошно зајакнување на соработката во интерес на граѓаните на општина Свети Николе и пошироко.