Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков оствари средба со министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока, при што двајцата функционери одржаа заедничко отворено предавање за студентите на Универзитет Скопје на тема: „How can we make Europe great again?“. Настанот се одржа во дух на отворен дијалог со младите и беше посветен на иднината на Европа, улогата на младите во процесите на интеграција, како и на предизвиците со кои се соочуваат земјите кандидати.
Во своето обраќање, Трајков потенцираше дека новата Влада вовела позитивни промени, со целосна посветеност на зацврстување на меѓународните позиции, градење силни пријателства и отворање нови партнерства. Таа истакна дека Унгарија останува важен партнер и поддржувач на македонскиот европски пат, особено во светло на актуелните предизвици со кои се соочува Европската Унија и нејзините аспиранти.