Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерката за европски прашања на средба со шпанскиот амбасадор Рафаел Сориано Ортиз: Нови можности за унапредување на билатералната соработка

Заменик-министерката за европски прашања на средба со шпанскиот амбасадор Рафаел Сориано Ортиз: Нови можности за унапредување на билатералната соработка
Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, и со заменик-шефицата на мисијата, Ана Андрес Ернандез.
 
Разговорите беа насочени кон унапредувањето на билатералните односи, европската интеграција на Македонија и можностите за продлабочување на соработката со Шпанија како земја членка на Европската Унија.Трајков ја истакна важноста на поддршката од земјите членки на ЕУ во процесот на пристапување, како и потребата од континуирана размена на искуства и добри практики во спроведувањето на европските реформи.
 
Беше нагласена и важноста на развивањето на партнерства што ќе придонесат за посилни институции и поблиска соработка меѓу двете земји.

Мени за пристапност