Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трајков на средба со украинската амбасадорка Лариса Дир: Потврда на пријателските односи и поддршката за европската перспектива

Трајков на средба со украинската амбасадорка Лариса Дир: Потврда на пријателските односи и поддршката за европската перспектива
Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорката на Украина, Лариса Дир.
 
На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, актуелните регионални и европски предизвици, како и за европските интегративни процеси на двете земји.
 
Заменик-министерката ја нагласи важноста на почитувањето на меѓународното право, суверенитетот и територијалниот интегритет, како и значењето на европските вредности, мирот и стабилноста.
 
Беше истакната потребата од континуирана комуникација и соработка во контекст на заедничките европски определби и предизвици.

Мени за пристапност