Денес се одржа работилница посветена на финализирање на преговарачките позиции во рамки на Кластер 1 – Фундаменти, во контекст на европските интеграции на Република Северна Македонија.
Работилницата претставува дел од пошироката заложба за унапредување на процесот на пристапување во Европската Унија и се реализира во рамки на проектот „Поддршка на Европската интеграција на Северна Македонија“, кој го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проекти (UNOPS), со финансиска поддршка од Шведска и Швајцарија.
На настанот учествуваа членовите на Работната група 18, како и претставници од Секретаријатот за европски прашања, кои заедно работеа на усогласување на преговарачките позиции со правото на ЕУ. Работилницата се надоврзува на досегашната експертска поддршка, меѓуинституционалната координација и месечните активности насочени кон зајакнување на институционалните капацитети.
Со вакви активности, Северна Македонија продолжува со конкретни чекори кон усогласување со европското законодавство и приближување до полноправно членство во Европската Унија.