Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хрватски експерти ги споделија искуствата за управување и контрола на ЕУ фондовите на семинар во Министерството за европски прашања

Хрватски експерти ги споделија искуствата за управување и контрола на ЕУ фондовите на семинар во Министерството за европски прашања

Денес во Центарот за обука на МЕП, во рамките на долгогодишната соработка која ја имаме развиено со хрватската Служба за пренесување на знаења при Министерството за надворешни работи на Република Хрватска, беше организиран еднодневен семинар под наслов „Систем за управување и контрола на европските фондови во Хрватска“.

На семинарот учествуваа 50-тина лица од разни институции од националната структура за управување со и спроведување на ЕУ фондовите. Целта на семинарот е проширување на знаењата и искуствата на националните учесници како и споделување на хрватските искуства во врска со дадената тема.

Семинарот го отвори г-ѓа Арлинда ѓакова, Државен секретар во МЕП, која на експертите од Хрватска Кристина Озимец Шкоф, Марина Балентовиќ и Ива Ковач, им изрази благодарност за подготвеноста за безрезервно пренесување на нивните искуства, притоа истакнувајќи дека искористувањето на европските фондови бара и соодветна експертиза која ние ја градиме и со поддршка на нашите партнери. Таа воедно истакна дека Хрватска е голем поддржувач на нашата држава на патот на интеграција во ЕУ. На слушателите исто така им се обрати и Ана Вучиќ претставник од Амбасадата на Хрватска во нашата земја.

Мени за пристапност