Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Првиот заменик-претседател на Владата на РСМ, Беким Сали, во посета на Студентскиот дом „Пелагонија“

Првиот заменик-претседател на Владата на РСМ, Беким Сали, во посета на Студентскиот дом „Пелагонија“
Денес, Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, заедно со заменик-министерот за образование, Дритон Сулејмани, реализираа посета на студентскиот дом „Пелагонија“.
 
За време на посетата, тие одблиску се запознаа со условите во кои живеат студентите, при што се разговараше за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување.
 
Од страна на Владата беше истакната посветеноста за унапредување на студентскиот стандард и создавање достоинствени услови за младите. Во таа насока, планирана е инвестиција, во соработка со Министерството за образование и наука, за реконструкција на сите студентски домови во државата, вклучително и студентскиот дом „Пелагонија“.

Мени за пристапност