Во рамките на одбележувањето на Месецот на подигнување на свеста за ракот на дојка – „Pink October“, вработените во Министерството за европски прашања денеска учествуваа во активностите на иницијативата „Pink at Work Day“.
Преку симболично носење на розова боја и спроведување на информативни активности, вработените ја изразија својата поддршка за сите жени кои се соочуваат со оваа болест, како и посветеноста кон подигнување на јавната свест за значењето на раната детекција и редовните превентивни прегледи.
Министерството за европски прашања ја нагласува важноста на заедничката одговорност во борбата против ракот на дојка и ја пренесува пораката дека раната детекција спасува животи.
 
                                     
                                     
                                    