Заменик- министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Василевски, претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата.
На средбата беше разговарано за можностите за натамошен развој и унапредување на институционалните капацитети, со посебен акцент на подготовката на идни апликации за проекти во областа на развојот и иновациите.
Во фокусот на разговорот беа и активностите за усогласување на постојната законска регулатива со законодавството и директивите на Европската Унија, како дел од процесот на европска интеграција и исполнување на преземените реформски обврски.
Заменик министерката Трајков ја истакна важноста од континуирано јакнење на институциите, унапредување на професионалните стандарди и создавање услови за примена на современи европски практики во областа на ревизијата и надзорот.
На средбата беше потврдена подготвеноста за продолжување на институционалната соработка и координација во насока на поддршка на реформските процеси и усогласувањето со европските стандарди.