Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трајков: Со Австрија споделуваме силна посветеност кон европската интеграција и реформскиот процес

Трајков: Со Австрија споделуваме силна посветеност кон европската интеграција и реформскиот процес

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков оствари средба со амбасадорот на Република Австрија , Мартин Памер.

На средбата беа разменети мислења за текот на европските интеграции на државата, реализираните реформи и тековните активности поврзани со спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027.

Заменик-министерката го презентираше напредокот во реформските процеси и работата на институциите во насока на исполнување на преземените обврски, со посебен акцент на реформите кои придонесуваат за унапредување на институционалниот капацитет и усогласувањето со европските стандарди.

Во разговорот беше истакната важноста од континуираната поддршка и размена на искуства со земјите членки на Европската Унија во процесот на европска интеграција.

Соговорниците се согласија дека редовниот политички дијалог и институционалната соработка се значаен придонес за успешно спроведување на реформите и за напредокот на земјата кон ЕУ.

Мени за пристапност