Заменик-министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков присуствуваше на отворањето на првиот регионален научен, иновациски и технолошки парк кој треба да отвори ново поглавје за нашата земја, за младите и прогресивни луѓе кои се поврзуваат преку науката, градејќи и создавајќи подобра иднина за сите нас.
Пред присутните гости од Европа и регионот, заменик-министерката порача дека прогресивните идеи и иновации се одличен мотив за подобро утре.
,, Да создаваме услови за да може креативниот потенцијал на нашите млади да дојде до полн израз, а ние да ги поддржуваме на тој пат. Затоа наша должност како Влада е да работиме за да го трасираме патот на нашата земја да се движи кон целосно исполнување на нашата стратешка цел-а тоа е час поскоро да се приклучи на големото европско семејство што ќе овозможи бројни придобивки за државата и за граѓаните”истакна Трајков.
Таа зборуваше за иднината на Северна Македонија во рамките на Европската Унија, финансиската поддршка и реформската агенда кои се можност за нашата земја да ги забрза структурните промени, да ги отвори пазарите, да ги модернизира институциите и да создаде подобра иднина за сите граѓани.
,,Нашата цел е јасна – до крајот на оваа деценија Северна Македонија да биде целосно интегрирана во европското економско и политичко семејство. Верувам дека со заеднички напори, со поддршка од Европската Унија и со одлучност дома, ќе успееме да ја оствариме оваа цел”истакна Трајков.
Oвој парк е првиот приватен научен, иновативен и технолошки парк во регионот — европски центар за стручно образование и обука за извонредност кој ги поврзува универзитетите, индустријата, владата и граѓанското општество.