Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Кавахара.
На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји, можностите за нивно понатамошно унапредување, како и за актуелните процеси поврзани со европската интеграција на Северна Македонија.
Трајков ја истакна важноста на пријателските односи со Јапонија и потенцијалот за продлабочување на соработката во областите од заемен интерес, особено преку размена на искуства, институционална соработка и поддршка на реформските процеси.
Во разговорот беше нагласена важноста на меѓународните партнерства и континуираната комуникација како значаен придонес за развојот и стабилноста.