На средбата беа потврдени одличните и пријателски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Ирска, како и заедничката определба за нивно понатамошно продлабочување.
Првиот заменик претседател на Владата Сали се заблагодари за принципиелната поддршка што Ирска ја дава на политиката на проширување и на европската перспектива на нашата држава. Тој ја нагласи силната посветеност на Владата на реформската агенда, особено во областите на владеење на правото, јавната администрација и зајакнување на демократските институции.
На средбата беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка, вклучително и преку инструментите на Европската Унија, Твининг и TAIEX програмите, како и преку директни партнерства за јакнење на административните капацитети.
Министерството за европски прашања останува целосно посветено на натамошно зајакнување на партнерството со Ирска во поддршка на европската интеграција на Северна Македонија.