Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Означен почетокот на кампањата „Мај – Месец на Европа“

Означен почетокот на кампањата „Мај – Месец на Европа“
Скопје, 4 мај 2026 – Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска го означи почетокот на кампањата „Мај – Месец на Европа“, на настан со амбасадори на европските земји, меѓународни партнери и претставници на домашните институции.
 
Со оваа иницијатива, Владата на Република Северна Македонија има за цел да оди подалеку од традиционалното одбележување на Денот на Европа на 9 мај и да го претвори целиот месец мај во заедничка платформа за промоција на процесот на европска интеграција и негово доближување до граѓаните.
 
Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека фокусот на кампањата е насочен кон пренасочување од техничките аспекти на преговорите кон конкретните придобивки од членството во Европската Унија, вклучувајќи повеќе можности за младите, развој на инфраструктурата и поддршка на локалната економија.
 
Во текот на месецот мај ќе се организираат различни активности и ќе се презентираат успешни приказни од проекти поддржани од Европската Унија, кои веќе имаат директно влијание врз подобрувањето на животот на граѓаните.
 
Кампањата се реализира како заеднички приоритет на Владата, во соработка со граѓанскиот сектор, универзитетите, бизнис-заедницата и културните институции, со цел процесот на европска интеграција да стане повидлив и позначаен за сите граѓани.

Мени за пристапност