Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во рамки на посетата на Париз оствари средба со извршниот директор на експертската мисија на Франција (Expertise France), Жереми Пеле, и директорот за Европа при Француската агенција за развој (AFD), Сирил Белје.
На средбата се разговараше за тековната и идната соработка меѓу Северна Македонија и Франција, со посебен фокус на поддршката во областите енергетика и заштита на животната средина.
Министерот Муртезани ја истакна важноста на партнерството со Франција како стратешки сојузник во процесот на европска интеграција и се заблагодари за досегашната поддршка преку конкретни развојни проекти.