Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Сали и еврокомесарката Кос го посетија Државниот студентски дом „Стив Наумов“ – инвестиција во младите и европската иднина на државата

Министерот Сали и еврокомесарката Кос го посетија Државниот студентски дом „Стив Наумов“ – инвестиција во младите и европската иднина на државата

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, заедно со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска го посетија Државниот студентски дом „Стив Наумов“, кој се реконструира со поддршка од Европската Унија.

За време на посетата беше презентиран напредокот на проектот, чија цел е обезбедување современи услови за живот и студирање на студентите, подобрување на енергетската ефикасност и развој на поодржлива јавна инфраструктура.

Министерот Сали истакна дека овој проект е конкретен пример како партнерството со Европската Унија и спроведувањето на реформите носат директни придобивки за граѓаните.

„Инвестирањето во младите значи инвестирање во иднината на државата. Овој проект покажува дека реформите, поддржани од Европската Унија, создаваат подобри можности, повисок животен стандард и поквалитетни услови за нашите студенти“, истакна министерот Сали.

Тој нагласи дека проектот претставува пример за поврзаноста меѓу реформите и инвестициите и потврдува дека европската интеграција носи конкретни придобивки за граѓаните.

Посетата заврши со разговор со студенти и млади, при што беа разменети мислења за можностите што ги отвора европската интеграција, значењето на реформите и европската перспектива на Северна Македонија.

Мени за пристапност