Секретаријатот за европски прашања го најавува отворањето на првиот повик за финансирање на проекти во рамки на Интерег ИПА АДРИОН програмата.
Целна група на повикот (потенцијални корисници) се:
- Јавни тела, како и нивни здруженија
- Тела регулирани со јавен закон, како и нивни здруженија
- Меѓународни организации регулирани со национално законодавство
- Приватни институции и организации
Првиот повик од ИПА АДРИОН програмата е наменет за поддршка на проекти кои се однесуваат на следните приоритети и специфични цели:
1. Приоритетна оска 1: Поддршка на паметен Јадранско - јонски регион
- Специфична цел 1.1: Зајакнување на капацитетите за иновации во Јадранско - јонскиот регион
2. Приоритетна оска 2: Поддршка на позелен Јадранско - јонски регион отпорен на климатски промени
- Специфична цел 2.1: Подобрување на отпорноста кон климатски промени, природни и вештачки катастрофи во Јадранско - јонскиот регион
- Специфична цел 2.2: Поддршка на развојот на циркуларната економија во Јадранско - јонскиот регион
- Специфична цел 2.3: Поддршка за зачувување и заштита на животната средина во Јадранско - јонскиот регион
- Специфична цел 2.4: Поддршка на одржлива мулти - модална урбана мобилност во Јадранско - јонскиот регион
3. Приоритетна оска 3: Поддршка на јаглеродно неутрален и подобро поврзан Јадранско - јонски регион
- Специфична цел 3.1: Зајакнување на јаглеродно неутрална, паметна мобилност во Јадранско-јонскиот регион
Буџетот на ЕУ средства за првиот повик изнесува околу 65,7 милиони евра, со кои ќе се финансира најмногу 85% од прифатливите трошоци на доделените проекти. Дел од трошоците (најмалку 15%) кои не се покриени со ЕУ средства треба да бидат обезбедени од национални извори за кофинансирање (јавни, приватни или средства обезбедени од меѓународни организации).
Детални информации за повикот може да се најдат на веб – страната на ИПА АДРИОН програмата, на следниот линк: https://www.adrioninterreg.eu/index.php/call-for-proposals/ipa-adrion-first-call-for-proposals/
Повикот ќе биде отворен до 30 јуни 2023 год., 13.00 ч. ЦЕВ.