Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Оглас за ангажирање на проектен тим и тематски експерти преку проектот „Поддршка од ЕУ за спроведување на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион во Република Северна Македонија“

Министерство за европски прашања Министерство за европски прашања

Секретаријатот за европски прашања во улога на координативно тело за Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) објавува јавен оглас за времено ангажирање на 5 (пет) лица за потребите на проектот „Поддршка од ЕУ за спроведување на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион во Република Северна Македонија“.

Јавниот оглас се однесува на следните позиции:

  1. Проектен координатор – 1 (едно) лице
  2. Проектен асистент - 1 (едно) лице
  3. Службеник за финансиски работи и подготовка на договори - 1 (едно) лице
  4. Тематски експерт за поддршка на Националниот координатор за транспорт - 1 (едно) лице
  5. Тематски експерт за поддршка на Националниот координатор за енергетика - 1 (едно) лице

Деталите за работните обврски, потребните квалификации, како и начинот на аплицирање се дадени во документите во прилог.

ToR-Project Team
ToR-Thematic Experts

Рокот за пријавување е 08.04.2022 год., 23.59 часот (Средноевропско време).

Мени за пристапност