Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ИЗБОР НА НАЦИОНАЛНИ НАДВОРЕШНИ КОНТРОЛОРИ ОД ПРВО НИВО ЗА ВРШЕЊЕ КОНТРОЛА НА ПРОЕКТИТЕ ОД ИНТЕРЕГ ПРОГРАМИТЕ КО-ФИНАНСИРАНИ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА ПЕРИОДОТ 2021-2027 ГОДИНА

Министерство за европски прашања Министерство за европски прашања

Министерството за европски прашања во улога на Национално тело одговорно за спроведување на програмите за територијална соработка Интерег ИПА АДРИОН, Интерег Еуро-МЕДИнтерег УРБАКТ IV и Интерег Европа во програмскиот период 2021-2027 год., објавува повик за изразување на интерес за селекција и избор на национални надворешни контролори од прво ниво за вршење контрола на проектите од Интерег програмите ко-финансирани од европската унија за периодот 2021-2027 година.

Избраните контролори ќе бидат дел од системот на контрола на прво ниво на проектите кои што проектните партнери ги спроведуваат на територијата на Република Северна Македонија во рамките на Интерег ИПА АДРИОН, Интерег Еуро-МЕД, Интерег УРБАКТ IV и Интерег Европа програмите, што е обврска пропишана во чл.46 од Регулативата (ЕУ) 2021/1059 на Европскиот парламент и на Советот од 24 јуни 2021 год. за специфичните одредби за целите за Европската територијална соработка (Интерег) поддржани од Европскиот фонд за регионален развој и инструментите за надворешно финансирање.

Повикот е отворен 8 (осум) календарски денови, сметајќи го и денот на објавувањето. Деталите за работните обврски, потребните квалификации, како и начинот на аплицирање се дадени во документот достапен на следниот линк:

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ИЗБОР НА НАЦИОНАЛНИ НАДВОРЕШНИ КОНТРОЛОРИ ОД ПРВО НИВО ЗА ВРШЕЊЕ КОНТРОЛА НА ПРОЕКТИТЕ ОД ИНТЕРЕГ ПРОГРАМИТЕ КО-ФИНАНСИРАНИ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА ПЕРИОДОТ 2021-2027 ГОДИНА

 

Мени за пристапност