Министерството за европски прашања најавува одржување на информативна сесија посветена на вториот повик за поднесување на предлози во рамки на Интерег ИПА АДРИОН програмата, кој е отворен во периодот 15 април-30 јуни 2025 год.
Информативната сесија ќе се одржи на 21 мај 2025 год., во Центарот за обуки на Министерството за европски прашања (Кеј Пресвета Богородица бр.3), со почеток во 10.00 часот.
Сите заинтересирани потенцијални проектни партнери можат да го најават своето присуство најдоцна до 16 мај 2025 год., на следната адреса: natalija.filipovska@mep.gov.mk . Детална агенда ќе следи.
Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк: https://www.interreg-ipa-adrion.eu/calls/2nd-call/