UNOPS во рамките на проектот „Поддршка на европската интеграција на Северна Македонија“, објави два јавни повика за ангажман на експерти насочени кон јакнење на капацитетите за подготовка на националната верзија на правото на Европската Унија:
1. Specialist for Terminology & Acquis Management
Специјалистот ќе обезбедува стручна и техничка експертиза за институциите на Северна Македонија во насока на дизајнирање и воспоставување одржливи управувачки структури, работни процеси и координативни механизми за правна ревизија и терминолошко управување со правото на Европската Унија (acquis).
Проектот „Поддршка на европската интеграција на Северна Македонија“ има за цел да обезбеди поддршка на државата во процесот на пристапни преговори со Европската Унија, како и да ги зајакне националните капацитети за управување со севкупниот процес на европска интеграција. Проектот е финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Министерството за европски прашања, а го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS).
Рокот за поднесување апликации е 3 јуни 2026 година.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната страница на UNOPS:
Specialist for Terminology & Acquis Management - 3022 - UNOPS
2. EU Integration Linguistic Specialist
Специјалистот обезбедува правен и јазичен интегритет на преведеното законодавство на ЕУ преку развивање стандарди за сообразност и обезбедување стручно техничко водство на националните институции за подготовка на правото на ЕУ (acquis) и управување со терминологијата.
Проектот „Поддршка на европската интеграција на Северна Македонија“ има за цел да обезбеди поддршка на државата во процесот на пристапни преговори со Европската Унија, како и да ги зајакне националните капацитети за управување со севкупниот процес на европска интеграција. Проектот е финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Министерството за европски прашања, а го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS).
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната страница на UNOPS:
EU Integration Linguistic Specialist
Рокот за поднесување апликации е 3 јуни 2026 година.