Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВЕН ПОВИК: Јакнење на јавната вклученост и комуникација на патот кон членство во ЕУ

UNOPS, преку проектот Поддршка на Европската интеграција на Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ПОВИК:

 

Јакнење на јавната вклученост и комуникација на патот кон членство во ЕУ

Со поддршка од Владата на Шведска, кофинансирање од Швајцарија и Министерството за Европски прашања, овој Јавен повик има за цел да ја зајакне јавната вклученост и комуникација на патот кон членство во ЕУ.

Повикот ќе поддржи активности на Собранието, граѓанското општество, медиумите и младите во нивното активно вклучување во процесот на пристапување во ЕУ, со цел зголемување на транспарентноста, инклузивноста и учеството во надзорот на реформите поврзани со ЕУ.

Секој грант/подршка ќе трае најмногу 12 месеци и ќе поддржи иницијативи кои:

-       го зајакнуваат учеството на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ;

-       ги градат капацитетите на медиумите и новинарите за ефективно известување за Европската интеграција;

-       ја унапредуваат улогата на граѓанското општество во процесот на пристапување; и

-       го  зголемуваатучеството на младите и нивната едукација за теми поврзани со ЕУ.

Јавниот повик се спроведува преку транспарентен и конкурентен процес, а изборот на корисниците ќе се направи врз основа на евалуација и рангирање на доставените проектни предлози. Повеќе информации за процесот и критериумите за избор се достапни во описот на јавниот повик.

За да се обезбедат повеќе информации и детали за јавниот повик – вклучувајќи како да се аплицира, кои се критериумите за селекција и дозволените трошоци – проектот ќе организира три информативни сесии преку интернет според следниот (предлог) распоред:

-       Среда, 17 септември 2025, почеток во 11:00 часот (Северна Македонија – CET)

-       Среда, 24 септември 2025, почеток во 11:00 часот (Северна Македонија – CET)

-       Среда, 1 октомври 2025, почеток во 11:00 часот (Северна Македонија – CET)

Заинтересираните апликанти се охрабруваат да присуствуваат на една од трите онлајн информативни сесии поврзани со овој Јавен повик. Учеството бара претходна регистрација преку овој Формулар за регистрација. По завршување на регистрацијата, апликантите ќе го добијат линкот за пристап до избраната информативна сесија.

Како да аплицирате:

     Преземете ги апликациските форми и анексите од пакетот на Јавниот повик.

     Доставете ги предлозите (технички и финансиски) на англиски јазик по електронска пошта на: rsoc.applications@unops.org

     Барањата за појаснување доставете ги до: rsoc.cfp.clarifications@unops.org  (најдоцна до 10 октомври 2025).

Крајниот рок за апликации е 27 октомври 2025 година.

Документи:

-       Јавен повик

-       Предлог апликација (терк)

-       Инструкции за апликанти

-       Изјави (терк)

-       Финансиски предлог/Буџет

-       Формулар за согласност за обработка на лични податоци

-       Водич за грантисти (UNPP)

-       Прирачник за јавни набавки за граѓански организации

Мени за пристапност