Twinning SEP
четврток, 04 јуни 2015 12:08
РАБОТИЛНИЦА: „Опис на работно место, работни надлежности и рамка на компетентност”
ОПИС: На 7 мај 2015 година, мала работилница беше презентирана од страна на твининг експерти под активност 1.5.1 на персоналот од Тренинг Центарот при СЕП. Целта на работилницата беше да се истакне значењето на описот на работното место за соодветно функционирање на било која организација (вработувања, тарифна ознака, плаќања, евалуација и обука за развој на човечките ресурси),како и да се појасни основната структура на описот на работните места и да се покаже поврзаноста помеѓу работниот профил и компетенциите. За време на работилницата, хрватските експерти ја презентираа и објаснија рамката од надлежности која е воведена во хрватската јавна администрација, како и референца за изработка на препораките поврзани со ЕУ за Секретаријатот за европски прашања. Хрватскиот модел ќе продолжи да се развива под твининг проектот.