Новости
петок, 10 јануари 2025 03:30
Денес, Министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани, оствари средба со Амбасадорот на Словачка, Хенрих Маркуш. Средбата се одржа во духот на заемната соработка и пријателските односи меѓу двете земји.
Од страна на Амбасадорот Маркуш беше потенцирана поддршката на Словачка за евроинтегративните аспирации на Северна Македонија, како и интересот за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји. Амбасадорот, исто така, истакна дека Словачка има голем потенцијал за развојна соработка и поддршка на земјите во развој и изрази уверување дека постои добар потенцијал за проширување на нашата билатерална соработка во оваа насока.
Бидејќи Северна Македонија е меѓу партнерските региони на SlovakAid, заедно со останатите земји од Западен Балкан, ова дава простор за подлабока и проширена соработка на регионално ниво.
На средбата, исто така, беа разгледани можностите за засилена соработка во повеќе области од заеднички интерес, со цел понатамошно унапредување на врските меѓу Северна Македонија и Словачка.