Новости
петок, 13 декември 2024 02:11
По потпишувањето на Меморандумот за соработка со Молдавија во делот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, имаше средба и со Инa Кошеру, претседателка на Комисијата за надворешна политика и европска интеграција, во Парламентот на Република Молдавија. Средбата беше фокусирана на унапредување на билатералните односи и засилување на соработката во процесот на европската интеграција.
Муртезани ја реафирмираше подготвеноста на Северна Македонија во помагањето на Молдавија во нејзините реформски процеси, особено во областа на владеењето на правото и усогласувањето со правото на Европската Унија. Претседателката Кошеру се заблагодари за поддршката од Северна Македонија и ја подвлече улогата на меѓупартиската соработка за успешна имплементација на реформите. Муртезани и Кошеру ја потврдија заедничката посветеност за понатамошно зајакнување на партнерството во процесот на европската интеграција.