Новости
понеделник, 13 јануари 2025 11:28
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, престојува на дводневна работна посета во Анкара, Турција. Во рамки на посетата, министерот оствари средба со заменик министерот за надворешни работи и директор за европски прашања, Мехмет Кемал Боаза.
Министерот Муртезани го истакна значењето на партнерството со Турција како долгогодишен пријател и поддржувач на Северна Македонија во нејзините евроинтегративни напори. Заеднички беше заклучено дека продлабочувањето на билатералните односи и регионалната соработка се клучни за стабилноста и економскиот развој на Западен Балкан. Северна Македонија останува посветена на зајакнување на соработката со сите партнерски земји и на остварување на својата стратешка цел – членство во Европската Унија.