Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Зокружен процесот за подготовка на Националната програма за усцојување на правото на ЕУ - НПАА 2027-2030

Зокружен процесот за подготовка на Националната програма за усцојување на правото на ЕУ - НПАА 2027-2030
Денес го заокруживме третиот и последен циклус работилници за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија - НПАА, 2027 - 2030.
 
Во изминатите три месеци, низ три фази и вкупно 15 работни денови, повеќе од 250 претставници на институциите, членови на работните групи и експерти заеднички работеа на дефинирање на реформските обврски, мерките, надлежностите и роковите за нивно спроведување.
 
Во моето обраќање ја истакнав важноста на НПАА како заедничка стратешка и оперативна рамка на сите институции, усогласена со обврските од скринингот, препораките на Европската комисија, Реформската агенда и процесот на пристапување кон ЕУ.
 
Пред нас следува финалната фаза - консолидација и финализирање на документот, со цел до декември да го доставиме до Владата за усвојување.
 
Упатувам искрена благодарност до сите институции, членови на работните групи и експерти за нивната посветеност и професионален придонес, како и до UNOPS, проектот SUPRAE и Цветанка Кузмановска за значајната поддршка во овој процес.
 
Верувам дека со заедничка одговорност, координација и посветеност ќе подготвиме квалитетна и применлива програма, која ќе биде важен инструмент за спроведување на реформите и напредокот на нашата земја кон членство во Европската Унија.
 
Европската интеграција е заедничка цел, а реформите се наша заедничка одговорност.

Мени за пристапност