Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЗМЕП Трајков: Регионалната соработка ќе ги забрза евроинтеграциските процеси

ЗМЕП Трајков: Регионалната соработка ќе ги забрза евроинтеграциските процеси

Регионалната соработка е клучна за забрзување на евроинтеграциските процеси е пораката од денешното обраќање на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на дводневната панел-дискусија на тема "Европски проекти за прекугранична соработка за унапредување на административните капацитети на институциите на македонската заедница во Србија", којашто се одржува денеска и утре во Белград. 

 


Во своето обраќање, заменик-министерката за европски прашања, Трајков истакна дека со Србија негуваме пријателски односи и взаемно почитување на правата на заедниците, со што се овозможува понатамошно продлабочување на традиционалното пријателство со нашиот северен сосед. 

 


Заменик-министерката за европски прашања, Трајков истакна дека земјите од регионот немаат друга опција освен да продолжат да се движат по европскиот пат кој ќе овозможи просперитет и благосостојба за сите, а ќе отвори и можности за младите луѓе да останат во своите родни земји. 

 


Реализацијата на европските проекти посебно во прекуграничната соработка, како што потенцираше заменик-министерката Трајков, ќе помогне во спроведувањето на реформските процеси со што ќе се подобрат состојбите во сите сфери, а тоа ќе овозможи подобар живот за граѓаните. 

 


Панел-дискусијата е во организација на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија.

Мени за пристапност