Во просториите на Владата на Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со претседателот на Исламската верска заедница на Република Турција, проф. д-р Сали Арпагуш, Реис-ул-улема Шаќир еф. Фетаху, како и амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
За време на средбата се одржа плодна дискусија, со посебен акцент на зајакнувањето на братските односи меѓу двете земји, како и на унапредувањето на меѓурелигиската и институционалната соработка. Соговорниците ја истакнаа важноста на дијалогот и меѓусебното разбирање во промовирањето на мирот, стабилноста и заедничките вредности.
Во овој контекст беше нагласено дека традиционалните пријателски односи меѓу Северна Македонија и Турција претставуваат цврста основа за продлабочување на соработката во иднина, особено во областите од заеднички интерес за граѓаните на двете земји.