Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорката на Романија, Моника Аксинте и со г-ѓа Вероника Чолка.
Во фокусот на разговорите беа билатералните односи, европската интеграција на Северна Македонија, реформските процеси и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Трајков ја истакна важноста на континуираната поддршка и размената на искуства со земјите членки на Европската Унија, посочувајќи дека регионалната соработка и партнерствата се значајни за забрзување на европската перспектива. Беше разговарано и за можностите за интензивирање на институционалната комуникација и соработката во областите од заемен интерес.