Во периодот од 21 до 22 јули 2025 година, успешно се реализираше дводневна CAF работилница за изработка на План за подобрување, како дел од процесот на воведување на Заедничката рамка за проценка (CAF).
Работилницата беше организирана со поддршка од Регионалниот центар за управување со квалитет при Регионалната школа за јавна администрација – ReSPA.
Работилницата следеше по успешно завршената сеопфатна самооценка според сите девет CAF критериуми. Овој процес овозможи институцијата да добие прецизна слика за своите силни страни, како и за потенцијалните области за унапредување.
Со ова, Министерството за европски прашања направи важен чекор кон воспоставување на систематски пристап за управување со квалитет, и се подготвува за следната фаза – апликација за добивање на сертификатот „Effective CAF User“.
Министерството останува посветено на процесите на институционално унапредување, транспарентност и ефикасно управување, во согласност со европските стандарди за јавна администрација.