Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трајков-Хрицова: Словачка е силен поддржувач на Северна Македонија на европскиот пат

Трајков-Хрицова: Словачка е силен поддржувач на Северна Македонија на европскиот пат

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска се сретна со амбасадорката на Република Словачка во нашата земја, Ивета Хрицова.

На средбата се дискутираше за напредокот на земјава во контекст на евроинтегративниот процес, како и прогресот кој е направен во однос на спроведените реформи во повеќе области. Беше нагласено дека Словачка е силен поддржувач на Северна Македонија на европскиот пат и дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.

Заменик-министерката за европски прашања, Трајков истакна дека Владата и понатаму посветено ќе работи на имплементација на неопходните реформи со цел исполнување на нашата стратешка цел-членството во ЕУ. При тоа, таа се заблагодари на силната поддршка и ангажман на Словачка во реализацијата на европските перспективи на земјава.

Во наредниот период, како што беше истакнато на средбата, ќе продолжат напорите за понатамошно продлабочување на македонско-словачката соработка на повеќе полиња со цел зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји.

Мени за пристапност