Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Солстром.
Во фокусот на средбата беа спроведувањето на Реформската агенда, реализираните реформи и приоритетите на институциите за наредниот период.
Трајков ги презентираше досегашните активности и резултати, посочувајќи ја важноста на континуираното спроведување на реформите за унапредување на институционалната ефикасност, транспарентноста и усогласувањето со европските стандарди.
На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на соработката и размена на искуства во областите релевантни за реформската агенда. Беше истакната важноста на редовниот дијалог со партнерите и земјите членки на ЕУ во процесот на европска интеграција на нашата земја.