Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер.
Заменик-министерката Трајков информираше за напредокот во реформскиот процес и приоритетите за наредниот период, истакнувајќи дека успешното спроведување на реформите подразбира јасна институционална одговорност, меѓуинституционална координација и следење на резултатите.
Трајков и Зомер разменија мислења за можностите за понатамошна соработка и размена на искуства во областите поврзани со институционалниот развој и реформските приоритети.