Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трајков-Роудс: Продлабочување на соработката со Обединетото Кралство во поддршка на европската интеграција

Трајков-Роудс: Продлабочување на соработката со Обединетото Кралство во поддршка на европската интеграција
Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Доминик Роудс, втор секретар и раководител на одделот за политички прашања и комуникации при Амбасадата на Обединетото Кралство во Северна Македонија.
 
На средбата беа разменети мислења за актуелните политички и реформски процеси во земјата, напредокот во европската интеграција и можностите за понатамошно унапредување на билатералната соработка.
 
Трајков ја истакна посветеноста на институциите кон спроведувањето на реформите, со посебен акцент на владеењето на правото, зајакнувањето на институционалните капацитети, транспарентноста и ефикасноста на јавната администрација.
 
Посебно беше нагласена важноста на континуираната поддршка и партнерството со Обединетото Кралство во процесите на демократски развој, институционално унапредување и остварување на стратешките приоритети на државата.
 
Соговорниците ја потврдија подготвеноста за продолжување на отворениот дијалог и соработката во области од заемен интерес.

Мени за пристапност